Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година. Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25%. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318. Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет бил 312.272, што е пораст од 10,59% во споредба со 2011 година. Од нив, 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН-мрежи. Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26% од претходната година. Во сегментот на фиксните телефонија најголем удел има Македонски телеком со 65,34%, ОНЕ со 15,44%, Близу со 8,97%, Аикол 4,88% и Неотел 3,95%.
Во Македонија минатата година имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.
Според извештајот, лани е регистриран пад во фиксната телефонија за 3,25%. Во овој сегмент вкупниот број корисници бил 408.318.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет, не вклучувајќи ги оние на мобилниот интернет бил 312.272, што е пораст од 10,59% во споредба со 2011 година. Од нив, 156.722 користеле Х-ДСЛ, 106.927 кабелски интернет, оптички 7.880, додека 22.976 биле приклучени преку јавни комуникациски мрежи и 16.877 преку ЛАН-мрежи.
Приходите на пазарот на електронски комуникации во Македонија лани изнесувале 22,5 милијарди денари што е намалување за 5,26% од претходната година. Во сегментот на фиксните телефонија најголем удел има Македонски телеком со 65,34%, ОНЕ со 15,44%, Близу со 8,97%, Аикол 4,88% и Неотел 3,95%.
Во мобилната телефонија Т-Мобиле има пазарен удел од 47,95%, Вип оператор 28,24% и ОНЕ 23,81%. Повеќе од половина, односно 61,27% се припејд корисници, додека постпејд се 38,73%.
Бројот на корисници на интернет преку 2Г и 3Г мрежи е зголемен за 35,44% и изнесува 505.596. Бројот на корисници на ТВ-услуги изнесува 278.140 и е за 10,56% повеќе од 2011 година. Најмногу користат кабелска телевизија 172.835, а ИПТВ 66.541, каде е забележан најголем раст од 65,82%. И во овој сегмент лидер е Македонски телеком со 23,92%, пред Роби со 22,10%, Близу со 20,26% и ОНЕ со 13,47%.